Минералната вода е еден од најдобрите и најсигурен избор за надокнадување на изгубената течност и неопходните минерали. Освен што освежува минералната вода на природен начин помага во надокнадување на електролитите кои се губат од организмот и претставува употреблив извор на поедини минерали. Затоа би требало да биде дел од секојдневната исхрана.
Сепак секоја минерална вода не е иста.
Во зависност од присутните минерали и другите карактеристики различните минерални води обезбедуваат различни погодности и ризици. Затоа при избор на минерална вода треба да се прочита декларацијата и да се бира според минералниот состав. Но дали разбираме што пишува на декларацијата?
Минералните води богати со магнезиум се многу ретки и ценети затоа што претставуваат практична и благотворна помош во задоволувањето на потребата на телото за овој минерал. Во водата богата со магнезиум по правило се сврстуваат водите кои содржат минимално 100 мг/л мегнезиум, бидејќи значајно го повишуваат овој неопходен минерал во организмот.
Дневната потреба во оргазимот од овој минерал е од 200 -400мг.
Но освен на количината на магнезиум, треба да се обрне внимание и на неговиот облик. Затоа што само во облик на хидрогенкарбонат (секако и во други облици) се обезбедува оптимална апсорпција, влегува во крвотокот и делува како помагач во бројни ензимски реакции и нема ограничување во конзумирањето.
Со магнезиумот потребно е минералната вода да содржи и калциум затоа што овие два минерали заедно (во синергија) делуваат на здравјето на коскениот и крвниот систем, а меѓусебно влијаат на нивната примарна апсорпција.
Многу важен критериум за избор на минералната вода е содржината на натриум. Натриумот е важен електролит за одржување на тоналитетот на течности во организмот. Меѓутоа неговиот прекумерен внес може да доведе до повишување на крвниот притисок. Воопштено пожелно е минералната вода да не содржи повеќе од 150 мг/л.
Накратко, при изборот на минерална вода треба да се води сметка за следново:
Да има:
- стабилен минерален состав
- -да помага да се задоволат потребите за важни минерали
- да содржи минимално 100 мг/л магнезиум
- да има ниска содржина на натриум односно да нема повеќе од 150 мг/л
- да има богата содржина на бикарбонати за да може да обезбеди поволно влијание на крвниот притисок и алкализирање на организмот
- да е добиена од недопрени подземни извори
- да биде газирана што е добро за добро варење и тегоби во стомакот
AQUA PELAGONKA според својот минерален состав, функција и питкост во светски размери претставува права реткост и има посебна вредност. Затоа AQUA PELAGONKA не е обична минерална вода. Благодарение на односот на минералите кои ги содржи многу е драгоцена квалитетна и корисна. Оваа вода се препорачува за сите возрасти како дел од исхраната и нема ограничување во конзумирањето.
- Газираноста дополнително придонесува во варењето на храната и чуството на свежина.
- јули 15, 2019