Ние се стремиме секој ден со сериозност и сигурност да им обезбедиме на корисниците производи со потребните високи стандарди за квалитет и еколошки чисти.
Компанијата  има направено свој тим кој обраќа посебно внимание на производството и чувањето со вера на политиката на компанијата, кој го интегрира квалитетот,  и ја чува животната средина и безбедноста.  Во согласност со оваа филозофија, Aqua Pelagonka е пакувана во фабриката B&L (Кременица), каде што се вршат секојдневни проверки за да се обезбедат непроменети својствата на водата, која  доаѓа од изворот.

Магнезиумот е секако еден од најважните внатрешноќелијски минерали. Преку триста витални келијски реакции се директно зависни од присуството и количината на овој минерал. AQUA PELAGONKA содржи 101,7 mg магнезиум по литар. Високата присутност на магнезиум ја сврстува во води кои се препорачуваат за секојдневна употреба. Земајќи ги во предвид светски докажаните благотворни ефекти кои ги поседува магнезиумот врз човечкиот организам минералната вода AQUA PELAGONKA се сврстува во водите со додатни бенифити, односно во води који допринесуваат до подобрување на здравјето. Нејзините предности се секако високата присутност на растворлив магнезиум и ниско ниво на натриум.

pH е скала со која се мери киселоста и базноста во растворот. Таа се движи од 0-14, каде што 0 означува најкисела, 7 е неутрално, а 14 најалкално. рН скалата е логаритамска. Крвта и другите течности во телото кои ги опкружуваат келиите се благо алкални (рН од 7,2 до 7,45). Човечкиот организам има механизми кои му помагаат да ја одржи равнотежата и да спречат поголеми промени на рН вредноста. Тоа е дишењето – плуќата, потоа т.н. пуферски системи во телесните течности и селекција на водниковите јони во бубрезите. Сепак денешниов начин на живот доведува до создавање на голема количина на т.н. кисел отпад во нашите организми.

97 % од храната како производ на метаболизмот создава кисел отпад, а од значајните фактори за закиселување се и пушењето, алкохолот, стресот и загадувањето.

Нашето тело е принудено константно да се бори со настанатите киселини и затоа со текот на времето ги осиромашува резервите на нашите системи за неутрализација. Алкалната вода во себе има повеќе негативни ОН – јони што доведува до повеќе расположливост на кислород во крвта. Организмот за да се избори со големата количина на кисел отпад произведува премногу слободни радикали, кои не само што го оксидираат отпадот туку и здравите келии. Негативните ОН јони од алкалната вода ги неутрализираат слободните радикали, односно делуваат како јак антиоксиданс, затоа пијте чиста вода Aqua Pelagonka со 7,2 рН вредност.

Kако што човечкото тело бара постојано снабдување со вода, со цел најдобро да ги извршува своите функции и да го одржи здраво, водата AQUA PELAGONKA се обновува систематски со текот на времето, со цел:

  • постојано подобрување на задоволството на клиентите;
  • постојано подобрување на квалитетот на производите;
  • користење на најдобa технологија на располагање за да се осигура безбедноста на работното место и да се спречи оштетување на животната средина;
  • да ги дефинира целите на развој на бизнисот;
  • ги врши своите активности во целосна согласност со важечките закони и во согласност со кодовите на животната средина и безбедноста;
  • Намалување на потрошувачката на природните ресурси и производството на отпад, поттикнување на обновување и рециклирање каде што е можно;
  • Поттикнување на ширење и развој на културата на безбедноста и заштитата на животната средина.